
Расте бројот на мозочни удари, најмладиот пациент има само 30 години. Лекарите алармираат, пикот е кај 55-годишните, а најризични се мажите и лицата со семејна историја на болеста. Главни причини се висок крвен притисок, шеќер, масти во крвта, пушење и алкохол. За детални информации за М-нет телевизија објаснува доцентот на факултетот за медицински науки при УГД Штип, д-р Елена Јовева.
,,Постојат ризик фактори за појава на мозочен удар, од кои што некои можеме да ги промениме, тоа се модифицирачки, но некој не. Од немодефицирачките е возрасната група со пикот на 55 годишна возраст, до 69, меѓутоа пикот е 55 годишна возраст. Најмладиот пациент што сме го имале е околу 30 годишна возраст, меѓутоа зависи и од карактерот на мозочниот удар. Исто така, битен фактор е и полот, а мажите се повеќе изложени за можности на довибање на мозочен удар, а исто така и фамилијарната анамнеза. Други фактори на кои можеме да влијаеме и кои што можеме да ги редуцираме со цел да го намалиме ризокот за мозочен удар е регулација на кардиоваскуларните ризик фактор, како висок крвен притисок, шеќер во крвта, зголеменото ниво на масти во крвта, како и намалување на злоупотребата на пушење и алкохолни пијалоци.“, рече Јовева
Денешниот начин на живот многу придонесува за мозочен удар – седење, стрес и лоша исхрана се клучни ризици. Д-р Јовева рече дека според американските истражувања, на секои четири секунди некој доживува мозочен удар, а на секои четириесет минути губи живот.
,,Нормално е дека денешниот животен стил, многу придонесува за создавање мозочен удар. Самата физичка неактивност, стресот и начинот на исхрана, го зголемува ризикот. Според американското здружение за мозочен удар на секој четири секунди, едне доживува мозочен удар, а на секој четириесет минути еден починува од мозочен удар. Тоа ни ја каќува сериозната за акутната состојба на мозочниот удар.
Бројот на мозочни удари расте, а лекарите и понатаму алармираат дека ризикот не треба да се игнорира. Навремена грижа за здравјето и следење на ризик-факторите може да спаси животи.
Иван Митев, М-Нет