Продолжува реконструкцијата на Бело Брдо: Нови улици, асфалт и обновена инфраструктура, најави Јорданов

Во тек е реконструкцијата и асфалтирањето на улиците во населбата Бело Брдо, каде претходно беше извршена промена на подземната водоводна инфраструктура, информираше градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на денешната прес-конференција. Тој посочи дека моментално се работи на улиците „Питу Гули“ и „Христијан Карпош“, каде се уредуваат и тротоарските површини, а во наредните денови се очекува завршување на асфалтирањето.

„Сакам да известам дека активностите кои се превземат на територија на општина Штип се во неколку населени места во неколку населби од нашиот град. Моментално се наоѓаме на улица Питу-Гули, овде се работи на завршниот крак на улицата. Во изминатите денови беа превеземени активности за промена на подземната инфраструктура, на водоводната линија, а веќе се работи и на земјиниот дел на поставување на павер елементи и во текот на наредните денови конечно асфалтирање и затварање на оваа активност која ја преведовме како локална самоуправа. Вкупната површина е 1000 метри квадратни асфалтна маса и 600 метри квадратни тротоарска површина, нови површини кои се уредуваат. Морам да напоменам сите улици во месноста Бело Брдо се опфатени со активности, паралелно на оваа улица се работи и на улица Христијан Карпош.“- Изјави градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов

Јорданов додаде дека со реконструкцијата ќе бидат опфатени и улиците „АСНОМ“, „Рудо“, „Коле Неделковски“ и „Еврејска“, со што ќе се заокружи целосното уредување на Бело Брдо. Тој апелираше до граѓаните за разбирање поради изменетиот сообраќаен режим, нагласувајќи дека работите се реализираат во период со намалена фреквенција на сообраќај.

„Ќе бидат опфатени и улиците Асном, Рудо, Коле Неделковски, Еврејска исто така е улица која треба да се истретира и со тоа да го заокружиме Бело Брдо со комплетна реконструкција. Ќе морам да напоменам дека оваа населено место откако се изградени инфраструктурата и куќите во минатото никогаш темелно не била реконструирана со промена на подземна инфраструктура со третирање на тротоарски површини и асфалтирање. Паралелно на овие активности се работи и неколку други позиции. Сакам да апелирам до граѓаните дека одредени сообраќајници, делници се со изменет сообраќаен режим, со отежнато функционирање. Наменски се избрани овуие месеци од годината затоа што имаме помала фреквенција на движење, заради отсуството на студентите и додишните одмори.“- Додаде Јорданов

Градоначалникот посочи дека паралелно со овие активности се реализираат и други инфраструктурни зафати на повеќе локации во градот

Дајана Сандева, М-Нет