
Овчат сипаница се шири и во источниот дел од земјава. Ново жариште е регистрирано во селото Соколарци, во општина Чешиново-Облешево, а потврдени случаи има и во Куманово, Делчево и Свети Николе, а има претходниот период, жителите тврдат дека ваков случај имало и во трло во село Саса во каменичко. Денеска угинатите овци беа закопани на посебно одредена локација меѓу селата Соколарци и Жиганци, согласно мерките за спречување на ширењето на болеста. Градоначалникот, Јорданчо Костадиновски апелираше граѓаните да бидат смирени.
Во соседното село Жиганци, селаните се вознемирени по појавата на болеста во Соколарци. Благојчо Димитров, кој е единствениот што чува кози во ова селото, вели дека ветеринарите веќе дошле кај него и земале примероци од животните за да проверат дали се здрави.
Од АХВ велат дека случајот во Соколарци не е единствен. Од почетокот на годината досега се регистрирани 10 жаришта на овча сипаница кај овци и кози, а болеста зафатила фарми со вкупно 1.491 животно.
„Вкупната бројка на убиени и нештетно отстранети овци и кози од фарми во одгледувалишта во општините Куманово, Делчево и Свети Николе каде е болеста е потврдена, заклучно со вчерашниот ден изнесува 1125 грла.“, велат од АХВ.
Инаку првото жариште каде што се појави ова болест кај овците и козите е регистрирано во кумановскиот регион,а од пред неколку дена и во општината Чешиново-Облешево.
Иван Митев, М-Нет