Пробиштип одбележува 70 години постоење и 97 години рудници за олово и цинкова руда

Општина Пробиштип одбележува 70 години од своето постоење како и 97 години рудници за олово и цинкова руда. По тој повод, настаните започнаа на 22 август, а ќе завшат на денот на рударите 28 август. Изминатата недела Пробиштип пулсираше во духот на спортот и културата и се одиграа турнири во мал фудбал и тенис.

„Пробиштип слави, деновиве Пробиштип одбележува 70 години Општина Пробиштип, 97 години рудници за олово и цинкова руда. По повод 28 август Пробиштип се потруди да направи програма за сите вкусови. Годинава неделата на спортот и култура се случува повеќе денови. Започнавме на 22 август, а ќе завршиме на 28 август.“ – вели Илиевски.

Настани се закажани и за 28 август. Точно напладне започнува свечената Академија, а за вечерта се закажани концерти на македонски ѕвезди кои ќе ги забавуваат присутните.

„На 28 август ќе биде главната вечер каде ќе се одржи голем концерт на плоштадот Свети Гаврил Лесновски. На 28 Август во 12 часот започнуваме со свечена академија, а потоа следува изложба на делата од Лесновската ликовна колонија. Вечерта е вечер со македонски ѕвезди, ќе пеат Каролина Гочева, Александар и Дац, Калиопи и финишираме со Кирил Џајковски.“ – додава Илиевски.

Водејќи се по праксите од претходните години, и годинава се очекува голема посетеност од цела Македонија., Од Општина Пробиштип упатија покана до сите граѓани да го посетат градот и да уживаат во македонската музика.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет