Отворена канцеларија за е-услуги во општинската зграда во Свети Николе

Отворена канцеларија за е услуги во Свети Николе. Во општинската зграда граѓаните ќе може да ги добијат потребните услуги на лесен и едноставен начин. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека во моментот актуелни се две, од кои едната е за добивање дозволи за оружје.

„Со своите тројца вработени ќе нуди услуги за граѓаните. Сите услуги кои се достапни на порталот за услуги ќе бидат достапни и овде во канцеларијата. На многу ефикасен и едноставен начин може да се добие потребниот документ. Актуелни главно се две услуги, едната е аплицирањето за дозволите за оружје, а втората се ИКТ уредите за млади, за студенти“ – вели Андоновски.

Вакви центри се очекува да бидат отворени во сите градови, а до крајот на летото ќе бидат отворени уште три. На овој начин ќе им се помогне на граѓаните лесно и едноставно да ги добијат потребните услуги.

„Во втора фаза очекувам овие центри да служат и за помагање на градење вештини и помагање на граѓаните како да се снајдат да стигнат до потребната услуга.

Освен најактуелните две, во канцеларијата во Свети Николе, може да се вадат документи од типот на М1 и М2 обрасци од Агенцијата за вработување, државјанство, листа за стаж и слично. Канцеларијата за е-услуги во Општина Свети Николе ќе работи од 7.30 до 15.30 часот секој работен ден.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет