Приведени две млади лица во Штип, пронајдена марихуана

Денеска (14.01.2023) во 02.10 часот во објект на ул.„Партизанска“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип ги привеле Х.К.(27) од Штип и А.М.(21) од с.Калиште, пробиштипско. При преглед кај нив, кај Х.К. биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја, додека кај А.М. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.