Второлигашот Охрид закажа четири контролни натпревари против прволигаши

Второлигашот Охрид во рамки на зимските подготовки ќе одигра четири пријателски натпревари против прволигаши, преку кои ќе ја темпира формата за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.

Првиот натпревар за охриѓани ќе биде против Струга Трим Љум на 22. јануари, на 28. јануари следува тест со прилепска Победа, за 1. февруари е закажан контролен натпревар со Брегалница од Штип, додека пак на 3. февруари ќе следува контролка со Работнички.

Охрид кој есенскиот дел го заврши на шестото место на табелата со 26 освоени бодови во нападот се засили со Хусеин Демири и Аљтин Лога.

Охрид пролетниот дел го отвара на 18. февруари против Тетекс на гостински терен.