
Јавните претпријатија во Источниот дел од државата со известување до граѓаните наремено да ги заштитат своите водомери со цел да се спречи нивно замрзнување. Од ЈП Брегалница Делчево дополнително посочуваат дека од 1 декември до 28 февруари нема да се врши читање на состојбата на водомерите и ќе се врши фактурирање според просечната потрошувачка на секој корисник.
Од ЈП Исар Штип велат дека кај нив состојбите на водомерите се читаат по електронски пат и дека застој нема да има, ама децидни дека граѓаните навремено треба да ги заштитат своите водомери.
„И ние истата мерка ќе ја практикуваме, односно службите за читање и контрола на водомерите апелираа корисниците да преземат мерки за да ги заштита своите водомери, особено оние кои се изложени на надворешни влијанија во ходници на згради и слично со цел да не замрзнат. Инаку, на поголем дел од територијата на Општина Штип водовмерите се читаат електронски па нема да има проблем во тој дел.“ – вели Арсовски.
Доколку водомерот не е соодветно заштитен и замрзне, со што ќе треба негова замена тогаш финансискиот трошок е на сметка на граѓаните, велат од претпријатието.
Согласно последната анкета спорведена на терен во Штип, граѓаните посочија дека соодветно ги заштитиле своите водомери од ниски температури.
Лаура Стојанова М-Нет