
Вечерва се отвара 15. коло на Првата футсал лига со мечот во Кавадарци меѓу Клими и новиот шампион Проект. Тимот од Јосифово на четири кола до крајот ја обезбеди шампионската титула и оди на победи за максимален ефект, а потоа фокус се става и на обезбедување на Куп титулата.
Во сабота штипски Мал Ајакс го игра мечот на сезоната од кој зависи дали штипјани ќе го изборат опстанокт или веќе уште овој викенд ќе се спакуваат за испаѓање во Втора лига.
Мал Ајакс ќе има тешко гостување кај Шкупи каде само три бодови се опција, се друго ќе биде неуспех во борбата за опстанок. Тимот на Мал Ајакс е претпоследен со 10 бодови, а пак Шкупи шести со 17 бодови и со триумф не само што ќе биде потврден опстанокот на скопскиот тим, туку ќе се бори и за висок пласман одноно четвртото место.
Останатите мечеви се играат во понеделник. Осогово на домашен терен ќе го пречека последнопласираниот Балкан, а овој меч кој се игра во Крива Паланка исто така може да ги реши сите дилеми. Ако Осогово ги освои трите бодови ќе има 18 бодови веќе опстанокот ќе биде обезбеден, а од тој меч ќе зависи и Мал Ајакс.
Ланскиот шампион Форца на домашен терен ќе игра против Кеги Моби, а пак Бутел ќе се соочи со Јувентус Серава.
Александар Ванев, М-Нет