
По 21 одиграно коло во Втора лига продолжува борбата за тоа кој да биде најдобар стрелец во шампионатот, а конкурираат повеќе фудбалери.
На врвот од листата на најдобрите стрелци е Виктор Ангелов, кој за тимот на Скопје постигна 14 погодоци, втор на листата е штипјанецот Иван Глигоров, кој за тимот на Охрид постигна 13 погодоци, а пак Стефан Јовановски за екипата на Новаци постигна 12 гола и со тоа е трет најдобар стрелец.
Четири фудбалери имаат по 11 погодоци тоа се Сашо Дуков (Детонит Плачковица), Азис Јамини (Тетекс), Фикрет Љиварека (Шкендија Арачиново) и Андреј Симевски (Каменица Саса). По десет погодоци имаат Тони Мичковски од Детонит Плачковица, но дел од погодоците се постигнати во дресот на Саса од есенскиот дел, како и Бојан Спиркоски кој погоди десет пати во есенскиот дел за Беласица.
Филип Димоски има осум погодоци, во есенскиот дел беше во дресот на Победа, сега игра за Осогово, Антониот Каланоски има осум гола за Охрид, а пак Костадин Капсаров исто така има осум гола кои ги има искобинирано во есенскиот дел за Беласица и во пролетниот дел за Брегалница, а пак седум гола за Брегалница постигна Даријан Тасев.
Александар Ванев, М-Нет