Преставата „Женидба“ премиерно во штипскиот театар повторно по еден век

„Женидба“ е шесттата премиера на штипскиот театар годинава со која се затвора еден круг од еден век театарско дејствување. Во 1923 година сцената се отворила со оваа престава, а сто години подоцна преставата повторно ќе биде изведена пред штипската јавност. Преставата „Женидба“ опфаќа еден актуелн проблем во општеството како што го нарекува режисерот, а самите ликови се одлучуваат на овој чин од различни причини.

„Основна тема во текстот, а и во преставата како што кажува самиот наслов е женидбата. Но овојпат Гогољ на тој чин гледа на еден многу специфичен начин. Во животот три нешта се најважни, раѓањето, смртта на крајот и женачката. Гогољ се фатил за еден проблем и после многу години тој проблем е се уште актуелен.“ – вели Горгиевски.

Преставата „Женидба“ преставува една слика од минатото која е пристуна и ден денеска. Обврска на една млада девојка да се ожени, но таа останува неженета бидејќи бега од брачните обврски, и кандидати кои чекаат да се оженат, дури и такви кои се женеле дури и 17 пати.

„Улогата која ја играм јас – не е омажена се уште затоа што бега од обврски, нешто што го има и ден денеска кај младите. Во бракот има толку многу обврски и куќа и маж и деца што младите се повеќе и повеќе го избеднуваат тоа за жал. Во сите тие обврски сепак има и нешто убаво, но најверојатно тој недостиг на љубов го прави сето тоа. Мислам дека навиките на луѓето се многу посилни од желбата да ја променат својата брачна состојба.“

Предпремиерата на преставата е вечерва, а утре 1 декември ќе се одигра премиерно во штипскиот театар во 20 часот. Во оваа прилика се упати покана до сите граѓани да ја проследат премиерата и да уживаат во преставата.