Дали и колку ќе заштедат граѓаните со воведувањето на дневната евтина тарифа на струјата?

Од утре домаќинствата ќе имаат евтина струја во периодот од 13 до 15 часот. Ова како одлука ќе се спроведува секој ден од понеделник до сабота, а останува евтината тарифа на струјата во недела цел ден и секој ден во периодот од 22 до 7 часот. Дали евтината тарифа на струјата ќе продонесе за заштеда во семејниот Буџет ги прашавме штипјани на терен. Повозрасните анкетирани граѓани пред се, велат дека одлуката е добра, ама тоа нема значително да се одрази во заштедата. Примањата се ниски, а периодот за евтина тарифа не е во согласност сграѓаните оти како што велат токму тој период поголем дел од нив се на работа.

„Ќе биде од помош, ама секако е многу скапа за овие плати и примања кои ги имаме, обичните работници, се е премногу скапо немаме за живот.“ – велат граѓаните.

Со воведување на ваквата одлука од регулаторна велат дека граѓаните на располагање ќе имаат 11 часа евтина тарифа и тоа би требало да влјие за заштеда во семејниот Буџет.

„Со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела. РКЕ по направените анализи оцени дека се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во коишто надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа“, изјави Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Евтината тарифа е укината во декември 2021, во услови кога цените на електрична енергија се движеа по 300-400 евра по мегаватчас, а во текот на денот достигнуваше до 500, 600, 700 евра.Трошоците станале неиздржливи, па РКЕ тогаш ја укина опцијата за евтина дневна тарифа на електричната енергија.

Лаура Стојанова М-Нет