Повеќе општокорисни казни со цел намалување на преполнетоста на затворите во државата

Поголема примена на алтернативните казни, да се изрекуваат општокорисни казни наместо казна затвор со цел да се намали проплнувањето на затворскиот систем во државата. Денеска во Штип се одржа настан на кој присуствуваа и експерти од Хрватска, како и судии од скопскиот кривичен Суд за да се споделат искуства од пракса со изрекувањето на општокорисни казни или алтернативни казни со заштитен надзор.

„Поголемата примена на алтернативните казни значи дека во казнениот систем ќе има простор повеќе да се изрекуваат општокорисна работа и други алтернативни казни кои се опфатени во Законот за пробација со тоа што би се довело до едно трајно намалување, решение за непреполнување на затворскиот систем кој во моментот е преполн“ – вели Стојановиќ.

Алтернативни мерки се даваат за полесни кривични дела, ама штипска Апелација е со нула вакви мерки – вели Билјана Коцевска. Целта на казнувањето може да се постигне и со изрекување алтернативни мерки и тенденција е ваквите мерки да се користат почесто. Но, тоа значи дека треба да се врши и надзор за да се види ефективноста од ваквите мерки.

„Покрај условната осуда се изрекува и заштитен надзор, од случај до случај е различно, дали некој што нема работа да најде работа, или доколку е некој зависник треба да се лечи, доколку е насилник во тој случај се упатува во прв семеен центар. Тоа се критериумите врз основа на кои ги определуваме овие мерки за заштитен надзор.“ – додава Коцевска.

Праксата покажува дека ефектот од изречени условни санкции со заштитен надзор е голем, ама потребно е вакви санкции да се изречуваат од сите Судови, а не само од Кривичниот Суд посочува Коцевска.

Лаура Стојанова М-Нет