
Со разни активности на отворено и трка по улиците во Делчево градот го одбележа Светскиот ден на водата. Покажувајќи го вистинското значење на водата како еден од основните услови за живот, децата од градинките и училиштата беа дел од настанот кој има и хуманитарен карактер.
„Со оглед на тоа дека денес е Светскиот ден на водите, мене ме посебно радува фактот што најмладите децата од градинките, учениците учествуваат на овој настан, сѐ со цел да се види значењето на водата, а со наградите кои ќе бидат од оваа трка децата ќе ги донираат на учениците со посебни потреби и додаваме хуманитарна компонента со која ќе помогне на децата со посебни потреби“, вели градоначалникот Трајковски.
Активно во денешниот настан се вклучија и преставници од КЈП „Брегалница“ – Делчево. Директорот истакна дека целата е да се покаже на младите како да го чуваат најважниот услов за живот – водата, како и да се покаже неговото значење.

„Комуналното јавно претпријатие „Брегалница“ – Делчево активно се вклучи во одбележувањето на овој датум со цел да се запознаат и граѓаните и младите со значењето на овој значаен ресурс. Наша обврска е да создадеме услови за здрав и квалитетен живот за нашите сограѓани, а водните ресурси се еден од основните предуслови за тоа“, вели Стојковски.
Годинава за првпат се организраше и спонзор трка во која наградите кои децата ги освоија ќе ги донираат на децата со посебни потреби во Делчево.
„Организирана спонзор трка која има за цел да ги поттикне најмладите да се грижат и за другите и да донираат за оние на кои им е најпотребно. Не е поентата да се победи на трката, поентата е да се фокусираме да освоиме нешто, да заработиме пари со цел потоа да ги донираме. Оваа година донациите ќе бидат пренасочени за децата со посебни потреби.“ – додава Лапевска.
Во настанот учествуваа двете основни училишта во Делчево, детската градинка, Општинската организација на Црвен крст – Делчево, а организацијата е на Општината, јавното претпријатие и проектот за подобрување на водоснабдувањето во градот.
Ребека Спасова М-Нет