Преку видео одбележан 75 годишниот јубулеј на „Црвен крст“ Кочани

Со изработено видео за развојот на „Црвен крст“ Кочани од неговите дамнешни почетоци први волонтери до сегашните нивни активности и заложби се одбележа 75 годишнината од формирањето на „Црвен крст“ Кочани.

Видеото е направено со автентични фотографии кои се дел од колекцијата на фотографии кои се наоѓаат во Општинската организација на „Црвен крст“ Кочани.

Работата на Црвениот крст се базира на волонтери и тие се носители на сите активности . Идејата за формирање ваква организација е дадена од подамнешно време од страна на Андреј Динан, а целите не се променети 75 години. Работата на Црвениот крст е помагање и пружање помош на најранливите категории на граѓани . Општинската организација на „Црвен крст“ Кочани е формирана на 20 декември 1945 година.