
Изградбата на експресните патишта низ државата, поточно изградбата на патиштата во Источниот дел се пример како треба да се реализираат капиталните проекти низ државата. Експресниот пат Штип – Кочани е во вкупна должина од 28 киломерти, пат кои се гради во две фази, чија прва фаза односно Штип – Крупиште е изградена и пуштена во функција. Во денешната посета на Министерот за транспорт и врски, Бочварски, се направи увид на работата како и пресметките за завршницата на овој проект.
Со изградбата на експресниот пат Штип – Кочани се подобрува животниот стандард на преку 170 илјади граѓани од целиот Источно плански регион, како и создавање услови за подобар развој и регионално поврзување.
Експресниот пат Штип – Кочани е во должина од 28 киломери. Направен е патот до Крупиште во должина од 14 километри и инвестиција од 18,2 милиони евра. За вкупната должина на овој експресен пат се инвестирани 37,3 милиони евра, со што Истокот не останува слепо црево во патниот сообраќај. Изградбата на патиштата нуди поголема безбедност во сообраќајот, со што би се намалил бројот на несреќи кои на сегашните постојачки регионални патишта се многу чести.
Лаура Стојанова М-Нет