Предупредувачки штрајк на играчите на ФК Слога 1934 Виница

Официјалниот профил на ФК Слога 1934 од Виница на социјалните мрежи објави дека играчите започнале предупредувачки штрајк поради доцнење на платата за месец февруари. Според клубот, штрајкот е најнепосакуваното нешто за еден фудбалски клуб. Управата имаше состанок со играчите и стручниот штаб и дојде до договор да се продолжи со тренинзи, а утре да се одигра првенствениот натпревар.

Управата на клубот се надева на брзо решение на настанатиот проблем и враќање на победничките патеки.