
Официјалниот профил на ФК Слога 1934 од Виница на социјалните мрежи објави дека играчите започнале предупредувачки штрајк поради доцнење на платата за месец февруари. Според клубот, штрајкот е најнепосакуваното нешто за еден фудбалски клуб. Управата имаше состанок со играчите и стручниот штаб и дојде до договор да се продолжи со тренинзи, а утре да се одигра првенствениот натпревар.
Управата на клубот се надева на брзо решение на настанатиот проблем и враќање на победничките патеки.