Прволигашот Младост Богданци се засили со Благој Христовски

ФОТО: Александар Ванев, телевизија М Нет

Ракометниот прволигаш Младост Богданци за новата сезона го ангажираше четвртото засилување, станува збор за Благој Христовски, кој во Богданци доаѓа од младинските категории на Еурофарм Пелистер.

Левиот бек минатата сезона беше втор стрелец во младинската лига, а неговиот ангажман ќе биде од големо значење за Младост, кој во новата сезона ќе атакува на влез во Суперлигата.

Минатата сезона Младост се бореше за место во елитата, но не успеа, а оваа година ја продолжува мисијата за млад и амбициозен тим кој ќе конкурира за местата во ракоментата елита.

Младост одигра и пријателски меч со Радовиш кој го загуби со 37:29, а веќе утре овие две екипи ќе одиграа нов пријателски меч, овој пат во Богданци со почеток од 20 часот.

Александар Ванев, М-Нет