
Во недела ќе се одиграат натпреварите од 3. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност само на М Нет да го проследат натпреварот меѓу Брегалница и Каменица Саса, кој се игра на Градскиот стадион во Штип.
„Сините“ на Трајче Сенев сезоната ја стартуваа според посакуваното, со две победи во низа, а против „рударите“ кои се’ уште немаат триумф ќе атакуваат на трета победа во низа. Фаворитската улога ќе биде на страната на Брегалница, а Саса во Штип доаѓа по изненадување и бодови.
„Рударите“ минатата сезона во последното коло се спасија и го изборија опстанокот, во новата сезона сакаат да бидат стабилни второлигаши, а на стартот од истата имаат реми и пораз.
Главен судија на мечот ќе биде Ндерим Тефику од Куманово, а преносот на телевизија М Нет ќе започне во 16 часот.
Александар Ванев, М-Нет