Прво и второ место за Македонија на Балканскиот сениорски куп во спортско качување во БиХ

Прво и второ место за Македонија на Балканскиот сениорски куп во спортско качување во Мостар, Босна и Херцеговина.

Викендов македонскиот качувачки тим беше дел од традиционалниот болдер Куп во Мостар. Учество на овој Куп зема триесетина качувачи од БиХ, Хрватска и Македонија.

Во сениорска конкуреницја нашите претставници Јован Иванов и Матеј Марков го освоија првото и второто место качувајќи 28 и 29 од 30 насоки.

Високи резултати за нашите претставници во конкунреција од триесетина качувачи од три држави.

Александар Ванев, М-Нет