Правење мартинки и денес обичај со потекло од древните времиња, целта е луѓето бидат здрави како природата

Правење мартинки на првиот ден од Март е традиција која се уште опстојува. Како некогаш со црвен и бел конец во различни плетки, граѓаните денес ќе изработат мартинки во вид на нараквица и ќе ги постават на своите раце. Обичајот вели дека целта на мартинките е да го навестат доагањето на пролетта и така како што ќе се разбуди природата и ќе биде сила и плодна, така и луѓето да бидат здрави, живи, силни и убави како природата.

И етнолозите велат дека празникот потекнува многу одамна, уште од древно македонскиот народ, кој овој ден го сметале за возобновување на природата. За М-Нет тие велат дека според легендата Богот Македон поради злите сили ја загубил својата љубов Божица и се верува дека на овој ден секоја година тој ја бара низ ливадите и градините

“Овој празник е дел од нашето духовно нематеријално културно наследство. Обичајот е поврзан со доагањето на пролетта со зголемувањето на светлината и топлината на сонцето. Своите корени на празнување на овој празник ги носи уште од древно македонскиот народ, кој што овој ден го сметале за возобновување на природата. Според легендата Богот Македон, кој поради злите сили ја загубил својата љубов божицата на цвекињата, секоја година ја бара нејзе по ливадите и градините.“, вели Иванова

Инаку 1 март е обичај кој со години се раширил низ балканските држави. Некој велат дека ова се само пагански обичаи, други дека имаат силна симболика, но сепак воглавно овие нараквици будат голема среќа особено кај намалите, па со голем радост прават ракотоворби и ги подаруваат на своите блиски.

Иван Митев, М-Нет