Старото правило да се бакне рака на повозрасните денес речиси чудно, граѓаните се сеќаваат на старите обичаи

Старото правило да се бакне раката на постариот за Прочка денес речи си смешно. Иако адеот вели помладите да бараат прошка од постарите, а потоа постарите од помладите, денес новите практики предизвикуваат промени. И додека новиот модерен живот нуди различни толкувања, сепак повозрасните децидни дека проштевањето по старо значи возљубување, така што празникто Прочка кај нив има големо значење, низ кој тие ја чистат душата од гневот спрема ближниот и годината ја продолжуваат со топлина и мир.

Анкетираните се децидни дека денес рака не бакнуваат, младите не почитуваат, па некако и тие не знаат дали тоа нешто ќе води на добро или само како што тие велат воздигање на големо

Инаку, во минатот опстојувале обичаи кој се одржувале вечерта на Поклади, кога потесното семејство се собирало дома. Обичајот амкање се спроведувал така што варено лупено јајце се врзувало на конопен конец и се обесувало на стапче или на сукало. Потоа, децата седнувале крај трпезата или клечеле на колена, а некој од возрасните го нишал јајцето, доближувајќи го кон устата на секое дете, кое викало “ам, ам” и се обидувало со устата да го фати јајцето. Потоа, јајцето се кршело и највозрасниот член на семејството ја вадел варената жолчка и во половините од белката турал малку вода од која сите учесници во амкањето пиеле по некоја капка. Потоа, конецот го палеле за да видат каква ќе биде иднината на семејството: ако конецот горел силно, тоа значело дека годината ќе биде здрава и среќна. На крајот, сите деца меѓусебно се проштевале, а потоа барале прошка од родителите.

Иван Митев, М-Нет