Правдата за загинатите oд Пулс се уште доцни, потенцираат повторно нивните родители на празникот Спасовден

Правдата за загинатите во дискотетката Пулс Кочани се уште доцни, потенцираат повторно родителите од здружението 16 март 2025 година. Токму на Спасовден, денот кога Христос се вознесе на небесата, нивните мисли повторно се таму, кон небото, кон 63 те ангели, кои зад себе оставија тишина погласна од секој крик. Велат на овој ден, починатите нема да се споменат само со болка, туку и со љубов, достоинство и ветување дека никогаш нема да бидат заборавени.

На овој голем христијански празник — Вознесение Христово, Спасовден,

денот кога Христос се вознесе на небесата,

мислите на Кочани повторно се таму… кон небото.

Кон 63-те ангели што прерано заминаа.

Спасовден е празник на верата, надежта и вечниот живот.

А за нас, тој е и потсетник дека љубовта не умира, дури ни кога телото ќе исчезне.

Денес, додека црковните ѕвона одекнуваат, ние ги слушаме и нивните гласови. Како што апостолите останале да гледаат кон небото по Вознесението Христово, така и ние останавме со поглед кон висините, прашувајќи се зошто токму тие. Но нивната светлина не згасна.

Таа продолжува во секој молитва, во секоја солза, во секое запалено свеќиче, во секој марш и во секој повик за правда.

Нека Спасовден биде ден кога ќе ги спомнеме не само со болка,

туку и со љубов, достоинство и ветување дека никогаш нема да бидат заборавени. 63 ангели. 63 светлини на небото. И една вистина што мора да остане жива. „Небото ги прегрна. Кочани не заборава. Но правдата сеуште доцни.“, соопштија од здружението

Инаку, во кочанската дискотека Пулс, животот згасна за 63 лица, а околу 200 беа пворедени и пренесени на лекување на клиники во и на двор од државата. Судењето е се уште во тек.

Иван Митев, М-Нет