
Официјално почнаа уписите за новата учебна година во ДГ Вера Циривири Трена во Штип. Директорката Ивана Ангеличкова топло ги покани заинтересираните родители да поднесат барања за упис во текот на летните месец. Како што соопшти таа барањата треба да се поднесат до средината на август, а веднаш потоа ќе биде објавен списокот на примени дечиња.
,,Се надеваме веќе официјално можам и да кажам дека се отворени вратите за уписи за нови деца, за да родителите пополнуваат барања за уписи. Во текот на летните месеци ги повикуваме сите родителите кои што потреба да пополнат да попоплнат барање и по 20 август, официјално ќе бидат истакнати списоците со сите дечиња кои што ќе бидат примени.“; рече Ангеличкова
Како и секоја година, градинката продолжува да ја збогатува својата понуда, со цел да им овозможи на најмладите да се развиваат во безбедна, стимулирачка и креативна средина.
Од градинката истакнуваат дека оваа година се воведуваат нови активности кои ќе ја поттикнат креативноста, самостојноста и социјализацијата на децата. Програмите се внимателно креирани од искусни педагози и воспитувачи, а се фокусирани на личниот и емоционален развој на децата, како и на нивниот когнитивен напредок.
Иван Митев, М-Нет