
Почна изградбата на новиот потпорен ѕид кај Клиничка болница Штип. Со проектот, дополнително ќе се прошири и улицата „Тодор Коларов“ и ќе се обезбедат над 50 нови паркинг позиции. Улицата од еднонасочна ќе стане двонасочна, со што ќе се овозможи поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.
Градоначалникот Иван Јорданов вели дека со ова ќе се решава и проблемот со сообраќајниот метеж и непрописното паркирање околу болницата, каде што, како што посочува, често има гужва и недостиг од паркинг.
„Започнати се активности за изградба на нов потпорен ѕид, практично околу КБ Штип, поврзувајки ја новата и старата капија на болницата и проширувајки ја улицата Тодор Коларов, која се наога наоколу болницата. Инфраструктурниот зафат е инвестиција на Општина Штип во вредност од 11 милиони денари со што ќе се овозможи пред се поголема безбедност за сите учеснции во сообраќјот, пред се на улица Тодор Коларов, проширувајки ја оваа еднонасочна улица во двонасочна улица и овозможувајкии повеќе од 50 паркинг позиции. Имајки во предвид дека овде наоколу КБ секогаш има ообраќаен метеж и непорписно паркирани возила, ова ке биде една одлична можност да се зголеми потенцијалот за паркирање, нови паркинг места, со што ќе имаме побезбеден сообраќај, ноп и нови паркинг позиции и секако поголема безбедност, затоа што стариот амортизиран дотраен потпорен ѕид кој во изминатиот период претставуваше опасност не само за жителтие од околните куќи, туку и за сите кои што транзитираат ја користата оваа улица, веќе ќе биде минато. Од укажувањето на повозрасните овој потпорен ѕид е изграден пред повеќе од 60 години. Инвестицијата ќе овозможи посовремени услови.“, вели Јорданов
Директорот на Клиничка болница Штип, Владко Захариев, упати благодарност до Општината и градоначалникот, бидејќи болницата немала услови сама да го реконструира потпорниот ѕид. Со проектот, вели Захариев, ќе се обезбедат повеќе паркинг-места и подобра пристапност до болницата.
„Благодарност до општината и градоначалникот, ова е голема помош за овој проект за реконструкција на овој ѕид, бидејки самата болница нема можност ниту услови сама да го реконструира. Ќе имаме повеќе паркинг места и самата пристапност до болницата ќе биде повеќе квалитетна.“, вели Захариев
Со реализацијата на проектот, очекувањата се дека овој потег треба да добие нов и побезбеден изглед, а граѓаните и пациентите подобри услови за пристап и паркирање.
Иван Митев, М-Нет