
До крајот на седмицата треба да бидат исплатени ветените субвенции за сточарите и земјоделците. Исплатата веќе е започната, но дел од земјоделците се уште ги немаат добиено средствата. Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека очекувале сите субвенции да бидат исплатени уште минатата недела, но тоа целосно не се случило. Во меѓувреме, исплатата продолжува по различни категории земјоделци. Последно биле исплатени одгледувачите на кози, а претходно средства биле дадени и за одгледувачите на говеда. Очекувањата се дека до крајот на оваа седмица сите земјоделци ќе ги добијат ветените субвенции.
,,Разговаравме да, сите уште не се исплатени. Почнаа нешто да ислаќаат, пак ќе видиме н атаму. Требаше претходната недела да бидат комплет сите исплатени, меѓутоа не се деси. Очекуваме дека до крајот на оваа недела ќе биде завршено. Тековно се исплаќаат, да речеме неќна се исплатија козарите, па пред неколку дена беа пуштени за краварите за грло добиток и така.“, рече Серафимов
Во рамки на исплатата, се уште не се исплатени и средствата за млекото и житариците. Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека сите налози се веќе пуштени и се очекува само реализација на исплатата.
,,Се уште не е исплатено млекото, житарицата. И ова треба да и овие да се исплатат, сите налози се пуштени, се очекува само исплата.“, вели Серафимов
Земјоделците велат дека сега останува да се реализираат најавените исплати и средствата да стигнат до сите што ги очекуваат. За нив, навремената исплата е важна за да можат да ги покријат тековните трошоци и непречено да продолжат со производството. Очекуваат исплатите да продолжат и до крајот на седмицата сите субвенции и средства за млекото и житариците да бидат исплатени.
Иван Митев, М-Нет