Мицкоски: Македонија денес е подобро место за живеење, за три години ќе биде уште подобро

https://www.facebook.com/NikoloskiA/videos/1074887661794505

Македонија денес е подобро место за живеење од пред три години, а за три години ќе биде уште подобро, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во денешната изјава. Тој нагласи дека Владата веднаш се зафатила со работа и со реализација на приоритетите.

,,Од клекната, ограбена и распадната држава во која што пред 26 месеци ни беше главен предизвик, а која што ја наследивме од претходната Влада на СДСМ, денеска можеме да кажеме дека Македонија е после три години е подобро место за живеење од пред три години. Јас ви гарантирам дека за три години ќе биде уште подобро место за живеење од денеска. Дојде Влада која што се зафати веднаш за работа и даго корегира сето она кое што беше оставено од претходната би рекол криминална Влада. Еден од водечките проекти на почетокот на оваа Влада беше децентрализирање на средства од државниот буџет кон општините. “, рече Мицкоски

Мицкоски вели дека Владата ќе продолжи да го исполнува ветеното пред граѓаните. Рече дека не е идеално и знае дека тешко се живее, но вели дека ќе направат се што можат за да ја подобрат состојбата.

,,Јас сум убеден дека во период кој што следи ќе продолжиме да го испорачаме сетоа она кое што го ветивме на граѓаните. Знам дека не е идеално, знам дека тешко се живее. Ние сме тука да го ставиме срцето на терен и да напаравиме се што е во наша моќ.“, додаде Мицкоски

Мицкоски додаде дека Владата ќе продолжи да работи на исполнување на ветеното и подобрување на условите за живот.

Иван Митев, М-Нет