
По кратко боледување ноќеска почина кралот на саксофонот и ромската музика, Ферус Мустафов. На 26 април Ферус имал мозочен удар, поради што веднаш бил хоспитализиран во болницата 8 Септември, каде и починал на 72-годишна возраст.
Мустафов е роден во Штип на 20 декември 1950 година, во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на 17-годишна возраст додека студирал виолина и кларинет во Музичката академија. Бил поканет да оди на турнеја со бенд, на која постигнал голем успех, поради што се откажал од академското училиште и станал музичар. И во Сараево, Босна и Херцеговина, каде се преселил, ја презел водечката улога во експлозијата на популарноста на народната музика што се случила таму во тоа време. Настапувал во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно, со инструментални композиции.
Погребот на штипјанецот Ферус Мустафов ќе биде утре во 14:00 часот, на Градските гробишта „Камник“ во Скопје.
Ребека Спасова М-Нет