
На Меѓународниот турнир во Белград, децата од ФК Брегалница, генерација 2014, завршија на високото второ место. Во групната фаза го заземаа првото место, а потоа стигнаа во големото финале кое заврши со резултат 0:0, но немаа среќа на пеналите. Од Клубот се задоволни од играта на дечињата, нивната борбеност и пожртвуваност на целиот турнир овие два ден.
На Турнирот учествуваше и генерација 2012, за која ова беше прво напреварување надвор од границите на државава, а која го заврши турнирот во групната фаза. За нив ова беше супер искуство при кое ги измерија силите со силни екипи од Грција, Романија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија и Македонија.
Ребека Спасова М-Нет