Последно второлигашко есенско Футсал коло, Мал Ајакс и Кардшлк ќе бидат домакини а Астибо ќе гостува

Македонските Футсал второлигаши во претстојниот викенд со одигрување на натпреварите од 9 коло ќе ја спуштат есенската завеса и ќе заминат на заслужен одмор. Веже од утре петок па се до недела комбинирано ќе се одиграат натпреварите од кои некои предизвикуваат особено внимание со својата атрактивност. Во Штип екипата на Мал Ајакс ќе го пречека тимот на Конзули од Битола и тоа ќе биде натпревар за самиот врв на табелата. Тимот на Астибо ќе гостува на второпласираниот тим на Форца а Кардшлк дома во Штип ќе ја пречека екипата на Црешово топче од Пробиштип. Еве ги комплетните двојки за ова 9 коло:

  1. СЕЕ Унииверзитет – Клими
  2. Мал Ајакс – Конзули
  3. Форца – Астибо
  4. Овче Поле – Кеги Моби
  5. Велешта – Проект
  6. Кардшлк – Црешово топче

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk