
Поради изградбата на ветерниот парк на подрачјето на општините Штип, Радовиш и Карбинци, значително е зголемена вкупната вредност на градежните проекти во државата, а во истиот период е предвидена и изградба на 309 станови. , покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Сепак, и покрај тоа, во февруари е забележан пад на бројот на издадени одобренија за градење, кои изнесуваат 244, што е за 10,3 проценти помалку во однос на истиот период лани.
,,Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба на ветерен парк за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет до 132 MW на територија на Општина Штип, Општина Радовиш и Општина Карбинци.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 173 (70.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 25 (10.2 %) за објекти од нискоградба и 46 (18.9 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 244 објекти, на 174 (71.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 (28.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 309 станови со вкупна корисна површина од 36 919 м 2.“, велат од ДЗС
Како што дополнително велат од таму, во февруари 2026 година се издадени 244 одобренија за градење, што е за 10.3 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 14 476 578 илјади денари, што е за 195.4 повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Иван Митев, М-Нет