Нафтата поевтинува за 2,5 денари, бензините за 1,5 – Мицкоски: Македонија со убедливо најниски цени

Нафтата поевтинува за два ипол денари по литар, а бензинот за =еден ипол денар, потврди регулаторната комисија за енергетика. Инаку денеска премиерот Христијан Мицкоски, исто така го најави намалувањето на денешната прес конференција. Тој посочи дека според владините пресметки, новите цени би се движеле околу 82 и 84 денари за бензините 95 и 98, додека дизелот би изнесувал околу 95,5 денари за литар. Дополнително, најавени се и попусти од два денари за бензините и три денари за дизел горивото. Премиерот нагласи дека мерките ќе бидат микротаргетирани и ќе следуваат по детална анализа на извештајот. Конечната одлука се очекува во наредните денови.

,,Јас нема да ја водат денешната седница на Влада, поради други обрски. Инаку очекувам да го добијам извештајот и да го изанализираме овие денови и откако ќе го анализираме многу внимателно, тогаш сигурно ќе излеземе со одредени мерки. Сакаме овој пат тие да бидат микротаргетирани, но она што е важно е дека врз основа на нашите пресметки јас не знам дали регулаторната комисија излезе со нивните, но врз основа на нашите, бензините 95 и 98 откански, треба да поевтинат за 1 ипол денар, додека дизелот треба да поевтини за два ипол денари по литар. Едните да бидат 82,односно 84 денари, додека дизелот да биде 95 кома 5 денари од прилика. И на ова треба да се додадат и оние попусти, два денари за литар за бензините и три денари за дизел горивата.“, кажа Мицкоски

Според Мицкоски, со најавените поевтинувања, Македонија ќе биде држава со убеднливо најниска цена на нафтата и нафетните деривати. Потсети дека македонската Влада, беше единствената која го намали данокот на додадена вредност.

Инаку, премирот нагласи дека, Владата разгледува и за можни мерки, поради новите поскапувања во маркетите. Кажа дека прво ке се анализира извештајот, а потоа ќе излезат со нови решенија и мерки, се со цел да се зачува стандардот на граѓаните.

Иван Митев, М-Нет