Попладне верниците ќе раздаваат за починатите, денес посно, утре мрсно

Попладне верниците ќе раздаваат за душите на починатит, започнува Задушница. Со раздавање на лепче локум, денес посно тие ќе ги спомнат своите блиски. Преку оваа традиција, тие изразуваат почит и љубов, верувајќи дека молитвите и даровите што ги принесуваат на овој ден можат да помогнат на душите на починатите да најдат мир.

Инаку, раздавањето на лепче локум е едно од важните обичаи што го практикуваат верниците. Тоа е симбол на духовното соединување и спомнување на сите оние кои се одделени од нас, но чии души остануваат живи во нашите срца. Традицијата повикува на благосостојба, мир и љубов меѓу живите и мртвите.

Иван Митев, М-Нет