Помладите пионери на Каменица Саса се есенски шампион, младите „рудари“ го имаат и најдобриот стрелец!

Помладите пионери на Каменица Саса станаа есенски шампион во Трета лига помлади пионери, откако есенската полусезона ја завршија на првото место со 25 бодови на своето конто.

Младирите „рудари“ предводени од тренерите Столе Тошев и Благој Димитровски имаат учинок од осум победи, едно реми и два порази, со 23 постигнати погодоци и најдобра одбрана која примила шест погодоци.

Екипата од Македонска Каменица има два бодови повеќе во однос на Силекс кој заврши на второто место со 23 бодови. Во пролетниот дел борбата за првото место ќе ја водат токму овие две екипи.

Во пролетниот дел целта на Каменица Саса со оваа генерација на млади играчи која е составена со фудбалери од Македонска Каменица и Оризари да стана шампион и со тоа од следната сезона да се натпреварува во Втортата младинска лига.

Најдобриот стрелец во Трета лига помлади пионери е Александар Митевски од Каменица Саса со осум постигнати погодоци.

Инаку, во Трета лига помлади пионери лига А се натпреваруваат покрај Каменица Саса и Силекс и екипите на Слога Виница, Осогово, Малеш од Берово, Вардарски, Академија Осогово и Вардар Неготино.

Александар Ванев, М-Нет