
Пченкарно брашно, сол, вода и свинско месо се потребни за сладок бакардан или уште познат како качамак. Некогаш се подготвувал на стар и традиционален начин, ама сега малку на поинаков. Граѓаните на Штип велат дека во минатото го приготвувале на огниште во стари бакарни котли, со која техника качамакот е многу повкусен и е неоддолив, а сега со новите техники се губи самиот вкус. Сепак како што додаваат и денес е сеуште опција за вкусе ручек.
Граѓаните истакнаа дека речиси веќе не употребуваат пченкарно брашно, па сега палентата им решение наместо него.
Инку, качамакот се приготвува во длабок сад нелеплив во кој се првично става вода со сол, а откако ќе зоврие се достава пченкарното брашно. Со дрвено сукалко се прави дупка на средината и се остава да се прави некаде околу еден час. Потоа со сукалкото се разбркува и се дотура претходно приготвено месо и останува да уживате.
Лаура Стојанова, М-Нет