
Денес се играат натпреварите од 15. коло, кое е последно есенско коло со што завршува есенската полусезона, а второлигашите заминуваат на зимска пауза. Пролетниот дел од Втората лига ќе стартува на 15. февруари со натпреварите од 16. коло.
Денес на телевизија М Нет и на спортскиот канал М Нет Спорт ќе имате ексклузивна можност да проследите два директни фудбалски преноси од Струмица и Прилеп.
- НА М НЕТ ТЕЛЕВИЗИЈА: БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП ОД СТРУМИЦА:
Беласица на домашен терен ја затвара есенската полусезона, повеќе од јасно е дека овој млад тим на Беласица ќе сака да се докажува против лидерот и фаворит Македонија ЃП, против искусните „лавовите“. Ваквите натпревари за младите играчи се повеќе од предизвик да одиграат максимално на ниво со цел да бидат на радарот на екипи како Македонија ЃП која е прв фаворит за првото место и експресно враќање во Првата лига.
Домашниот терен ќе биде предност за Беласица, која токму на овој терен се соочи со Македонија ЃП, во Купот на Македонија, каде во регуларниот дел немаше победник, а во пенал-серијата подобра беше Македонија ЃП.
Денес „лавовите“ од Ѓорче се големи фаворити и сакаат триумф со цел да бидат есенски шампиони во Втората лига и во пролетниот дел да го потврдат билетот за враќање во Прва лига.
Главен судија на натпреварот ќе биде Фатмир Бафто од Охрид, а преносот на М Нет телевизија ќе започне во 13 часот.
- НА М НЕТ СПОРТ: ПОБЕДА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА ОД ПРИЛЕП:
На спортскиот канал М Нет Спорт ексклузивно ќе можете да го проследите соочување во Прилеп на Победа и Детонит Плачковица, дуел каде прилепчани само триумф и освојување на трите бодови гледаат како цел во односно за нив тешката сезона за обезбедување на опстанок.
Минатата сезона Победа беше можеби меѓу единствените екипи кои имаше подобар меѓусебен дуел со Детонит Плачковица, откако во Прилеп екипата на Победа беше подобра, а во Радовиш откина бодови во ремито со радовишани.
Детонит Плачковица е фаворит на овој меч има состав кои има искусни поединци, тим кој одлично игра, но сепак, младите играчи на Победа знаат да изненадат и тоа против фаворити, па тоа треба да биде сигнал за внимателност кај радовишни.
Дејан Младеновски од Скопје ќе биде главен судија на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, а преносот на М Нет Спорт стартува во 13 часот.
Александар Ванев, М-Нет