
Утре на Градскиот стадион во Штип ќе биде одигран полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија во кадетска конкуренција меѓу екипите на Брегалница и Вардар.
Натпреварот ќе стартува во 16 часот, а главен судија ќе биде Игор Иванов од Велес.
Брегалница до полуфиналето стигна откако во четвртфиналето славеше со минимални 1:0 над прилепска Победа.
Победникот од мечот меѓу Брегалница и Вардар, ќе се соочи со подобриот од вториот полуфинален натпревар меѓу Шкупи и Шкендија, односно победниците од двата натпревари ќе се соочат во големото финале од Купот на Македонија за кадети.
Александар Ванев, М-Нет