Полуфинале од Купот за кадети на Градски во Штип: Брегалница против Вардар

Утре на Градскиот стадион во Штип ќе биде одигран полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија во кадетска конкуренција меѓу екипите на Брегалница и Вардар.

Натпреварот ќе стартува во 16 часот, а главен судија ќе биде Игор Иванов од Велес.

Брегалница до полуфиналето стигна откако во четвртфиналето славеше со минимални 1:0 над прилепска Победа.

Победникот од мечот меѓу Брегалница и Вардар, ќе се соочи со подобриот од вториот полуфинален натпревар меѓу Шкупи и Шкендија, односно победниците од двата натпревари ќе се соочат во големото финале од Купот на Македонија за кадети.

Александар Ванев, М-Нет