ОФЛ Кавадарци: Габер со „петарда“ за Сопотско Поле, Дреново пресилен за Ваташа

Овој викенд во Општинската фудбалска лига во Кавадарци се одиграа натпреварите од 3. коло, а во оваа рунда Габер забелеша највисока победа, откако со 2:5 го декласираше Сопотско Поле на гостински терен.

Сирково на домашен терен забележа пораз од 0:2 од екипата на Љубаш, а пак Ваташа на домашен терен доживеа висок пораз од Дреново со 2:4. Во оваа коло слободна беше екипата на Единство.

Во однос на табелата лидер е Дреново со шест бодови, Габер е втор со четири бодови колку што има и Единство од Трстеник кој е трет. На 4. место е Ваташа со три бодови, колку што има и Љубаш кој е место подолу.

На 6. место е Глишиќ без бодови, каок и Сирково кој е седми и Сопотско Поле кој е последен без бодови.

Александар Ванев, М-Нет