Познат распоредот на Еурофарм Пелистер за новата сезона во ракометната Лига на шампион

ФОТО: РК Вардар

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер и официјално го има распоредот за групната фаза во Лигата на шампионите.

Битолскиот тим е во групата Б, а ќе игра со екипите на Барселона, ПСЖ Висла Плок, ГОГ Гудме, Магдебург, Загреб и ПИК Сегед.

Според официјалниот распоред во првото коло кое на програмата ќе биде на 10 и 11 септември Еурофарм Пелистер ќе стартува на домашен терен против Загреб, потоа гостува кај ПСЖ, па на домашен терен против ГОГ Гудме.

Во рамки на 4. коло екипата на Еурофарм Пелистер на гостински терен ќе игра против Висла Плоцк, а на 15 односно 16 октомври во Битола ќе гостува моќната Барселона.

Во рамки на 6 коло Еурофарм Пелистер ќе гостува кај актуелниот шампион Магдебург, потоа во Битоал доаѓа ПИК Сегед во рамки на седмото коло.

Потоа започнува вториот круг, каде во рамки на осмото коло екипата на Еурофарм Пелистер ќе гостува кај ПИГ Сегед, во Битола ќе гостува Магдебург во рамки на деветтото коло, потоа битолчани ќе гостуваат екипата на Загреб, на 18 односно 19 ноември ќе гостува Висла Плоцк.

Во рамки на 11 коло во битолачни ќе гостуваат кај ГОГ Гудме, во претпоследното коло Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе играат со ПСЖ, а во последното коло ќе македонскиот шампион ќе гостува кај Барселона.

Осминафинале е закажано за 1 односно 2 април првиот меч, а реваншот ќе биде на 8 односно 9 април 2026 година. четвртфинале е закажано за 29 односно 30 април, а реваншите се за 6 односно 7 мај 2026 година. Фајнл-форот ќе се игра на 13 и 14 јуни 2026 година.

Александар Ванев, М-Нет