Трет ден како гори депонијата за градежен шут Ралова Чука во делчевското село Очипала. Гори на повеќе места и во внатрешноста на депонијата и гасењето оди тешко.На терен се делчевските пожарникари кои со појас го контролираат огнот за да не се прошири кон блиската борова шума.