Во 21 век живот во мизерни услови, без кров над глава и барем еден топол оброк во текот на денот. Мики Трајчевски, познат за штипјани како Мики Ли, подолг временски период живее под отворено небо, во импровизиран дом, ако така може да се нарече, којшто самиот си го обезбедил, без никакви примања, без работа и без храна. Преживува од минимални донации, коишто понекогаш ги добива од хуманите граѓани, а понекогаш јаде еднаш во три дена.

„Јас се наоѓам на едно нецивилизирано и многу недемократско место, значи ова е едно место во близина на Штип, каде што јас престојувам и каде што ова за мене ова е мој дом. Значи со години јас водам интелектуална борба и војна да укажам на оваа голема аномалија на македонската Влада, како она дозволува луѓе со висок коефициент на интелегенција, како мене, и не е праведно Владата и институциите на системот да имаат дискриминаторски однос кон мене“ – изјави Мики Трајчевски.
Мики претходно живеел на друга локација, но како што вели тој, истото му било уништено. Оставен на милост и немилост на времето, тој прави ново место каде што престојува. Дожд, снег, ниски температури се неговото секојдневие. Кога и да побарал помош за дом и работа наидувал на затворени врати.

„Секогаш сум бил одбиван, секогаш наидував на затворени врати и на дискриминаторски однос.
Тука кај мене ги имаме сите елементи на супериорна дискриминација, екстремна дискриминација. Јас по природа сум мирољубив и не сакам да се наметнувам на луѓето. Јас повеќе очекувам и сум бескрајно стрплив за луѓето да се активираат за нешто што одамна е заборавено и ја очекувам милоста од нивното срце“ – изјави Мики Трајчевски.
Со нарушено здравје и тешкиот начин на живот Мики ли бара помош од хуманите граѓани, но и од надлежните. За да се почувствува како дел од ова општество, неопходни му се кров над глава, топол дом, храна и облека.

„Имам апел да ми изградат хуманитарен дом, значи куќа, но не е важна квадратурата, за да имам
пристојно место за живеење, со некои апарати за домаќинство, да ми се приклучи струја и јас да
се почувствувам како граѓанин на Република Македонија. Исто така, ми требаат и храна, облека,
велосипед и некој музички инструмент, исто така, ми се потребни“ – изјави Мики Трајчевски.
Водејќи се под мотото дека луѓето се среќни доколку можат да усреќат некое дете, Мики верува
во хуманоста на луѓето,
Лаура Стојанова, М Нет