Поврзаноста на образованието и бизнис секторот се главни фактори во вработувањето на студентите

Денеска во просториите на Економскиот факулет при УГД во Штип се оддржа отворен и кариерен ден за сите заинтересирани идни студенти. На овој ден имаше можност да се прикаже поврзаноста на виокото образование, реалниот и бизнис секторот. Како и да се дознаат придобивките од можностите за идно вработување, начините на реализација на вработувањето, условите како и очекувањата во идната кариера.

„Ја сум сигурен дека ова е начинот на кој ќе им овозможи на студентите и сегашните и идните студенти правилно да се насочат во професиите да изберат добри работодавачи, работодавачите да избеат добри идни кадри и сигурен сум дека ова е една од оските којашто уште повеќе ќе ја зацврстуваме во иднина. Бизнис секторот е се поприсутен, директно соработува со факултетите со универзитетот и навистина овозможува, има компании коишто даваат многи солидни стипндии и овозможуваат платена практична работа.„ изјави Мираковски

Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека знаењето кое го добиваат студентите не треба да заврши во рамки на факултетите туку истото да се пренесе и во реалниот сектор.

„Во рамки на институциите под Локална самоуправа и под рамки на комуникацијата со реалниот сектор многу полесно ќе можат кога ќе завршат со процесот на образование да се прилагодат и да се снајдат на пазар на труд. Се на се морам да истакнам дека Штип е центар на пренос на знаење и посакувам тоа знаење да не заврши во рамки на факултетите туку и да се преточи во реалниот сектор а тоа ке значи зголемување во економијата„ посочи Јорданов

Во иднина универзитете треба да ја усогласат наставната програма спрема времето кое доаѓа. Како што вели извршниот директор на стопската комора на Македонија и е потребно прилагодување кон новите трендови како и кон новата индустриска револуција

„Доминираат секторите каде се користи софистицирана опрема и мислам сегментите во кои ќе се бара високообразована работна сила не токму во сегментот на висока технологија. Она што е битно е да се знае дек на Македонија и претстои уште една промена а тоа е прилагодувањето на новите трендови, имаме нова индустриска револуција која е веќе дојдена. И мислам дека во тој правец заедно со универзитетите треба да направиме максимален напор“ изјави Пешев

Студентите од факултетите се задоволни од праксата која ја посетуваат која истовремено им овозможува да се запознаат со условите и начините на работа за вработување по завршувањето на факултетското образование.

„Се одржува одлична едукативна пракса кадешто имаме можност да посетуваме болници, банки угостителски објекти шпедиција, адвокатски канцеларии и многу други установи„ изјави Угрева

Потребно е овие настани да станат тенденција во идинина каде постојано ќе се нагласува улогата на студентите која е нераскинлив дел од бизнис секторот.

Лаура Стојанова, М-Нет