
Уметничката галерија „Безистен“ во Штип овие денови е место за настап на реномирани домашни и странски музичари. Тие настапуваат во рамки на меѓународниот фестивал на современа музика, организиран од страна на Музичката академија при УГД во Штип. Фестивалот е започнат во понеделникот и е свечено отворен од страна на познат чешки кларинетист. Утревечер е најавено да настапуа српска флијетистка . Додека за третата вечер предвидено е да бидат изведени дела од турската класична литература за пијано како и неколку дела од македнски автори наменети за дуо пијано.
„Настапува реномираниот кларинетист од Чешка со нашата позната пијанистка Наташа Трбојевиќ, ова е свечено отворање на фестивалот и прва фестивалска вечер. Утревечер настапува познатата српска флијатискта Анџела Братиќ, таа е од младата генерација на млади флеитисти , многу позната дома и во светот, ќе настапува со пијанистката Наташа Трбојевиќ. Третата вечер ни гостува турската пијанистка која настапува со нашата позната пијанистка Милица Шкариќ ќе биде дуо пијано. вели Митева
Студентите од Музичката академија освен тоа што можат да се најдат во улога на публика истовремено оваа вечер ќе биде резервирана за нив, за да можат и тие да настапат на затворњето на овој реномиран фестивал. При тоа ќе учествуваат студенти кои се селектирани од страна на професорите и истите имаат учествувано на различни домашни и меѓународни фестивали.
„Четвртата фестивалска вечер односно се застапени најдобрите студенти од музичката академија и со тоа го затвораме овогодинешното издание на фестивалот за современа музика на музичката академија. „ посочи Митева
Овој фестивал претставува мотивација за студентите со цел да се запознаат со светските имиња, да научат повеќе од нив. Исто така овој фестивал всушност претставува и културна понуда музичката академија да на Музичката академија и на градот.
Лаура Стојанова, М-нет