Победа остана без тренер, Бабунски замина во Пелистер, кој ќе го води прилепскиот прволигаш ?

Како што веќе претходно објави телевизија М Нет, прилепска Победа од денес и официјално остана без тренер, откако Бобан Бабунски седна на тренерското столче во битолски Пелистер.

Второлигашот Пелистер и досегашниот тренер Марјан Секуловски шест месеци пред истекот на договорот, спогодбено се разделија, а битолчани веднаш го назначија искусниот стратег Бабунски за нов шеф на стручниот штаб, кој ќе има за задача да обезбеди промоција во Прва лига со Пелистер.

Сега кога и официјално е познато дека Победа остана без тренер, во следните денови ќе треба брза реакција од раководстовото на прилепскиот прволигаш за назначување на нов тренер, кој ќе има за цел да обезбеди опстанок во фудбалската елита на Македонија.

Прволигашите како и второлигаши ги „палат моторите“, а во следните денови ќе биде познато кој ќе биде нов шеф на стручниот штаб во Победа, а со тоа ќе биде познат и планот за подготовките на прилепчани.