Победа за Мал Ајакс во градското футсал дерби со Астибо

Синоќа во салата на ООУ “Тошо Арсов” во Штип се одигра градското футсал дерби помеѓу екипите на Мал Ајакс и Астибо. Натпреварот заврши со победа на екипата на Мал Ајакс со 4:0. Како што не’ информираше тренерот на Мал Ајакс, Влатко Манев оваа победа ја посветува на нашиот спортски новинар Драги Герасимов Пушка, со што целата екипа му посакува побрзо враќање на спортските терени.

На претходното градско фустал дерби помеѓу Мал Ајакс и Астибо, Драги Герасимов Пушка организираше успешна хуманитарна акција со екипите и публиката.