Младите борачи на Балканец освоија четири медали во Косово

Младите борачки на БК Балканец вчера учествуваа на Меѓународниот турнир во Качаник, Косово. Златен медал освои Марија Цветанова, сребрен медал освои Анабела Данилова, додека бронзени медали освоија младите Клара Спасовска и Мила Данилова.

Екипата на Балканец беше предводена од тренерите Горан Стојанов и Ангел Стефанов, како и меѓународниот судија Даниел Илиев.