
20 години по ред скока по светиот крст во водите на Кочанска река, и вторпат го фаќа. Александар Јанков е среќникот кој го фати крстот во Кочани. Со неговата група од пет члена во наредните денови ќе го посетат секој дом со цел среќа и бериќет да има цела година.
„Имам 33 години, ова ми е 20 година по ред како се фрлам по крстот, втор пат го фаќам. Многу здравје, среќа, бериќет. Ние сме група од пет души, ќе одиме по секој дом.“ -вели Јанков.
Благопријатното време дозволи голем број граѓани да го проследат настанот во градскиот парк во Кочани, со што продолжува да се негуува традицијата стара со векови.
Успешна година, многу здравје и бериќет посака и градоначалникот Љупчо Папазов.
Во Кочани годинава беа пријавени 31 верник кои скокнаа по крстот во водите на Кочанска река.
Лаура Стојанова М-Нет