По 12 години, Општина Пробиштип најавува брендирање на својот уникатен зелник со печени кори

По 12 години, Општина Пробиштип најавува брендирање на својот единствен и уникатен зелник со печени кори. Раде Илиевски од оваа општина, во изјава за медиумите на денешната манифестација „Зелникот на баба“, истакна дека веднаш по нејзиното завршување ќе започне постапката за собирање документација за заштита на овој традиционален производ.

Тој нагласи дека зелникот со печени кори се издвојува по својот вкус и начин на подготовка, што го прави поинаков од сите други. Toj oчекувa до крајот на годината истиот да биде официјално брендиран.

,,Овој зелник е различен и убав, затоа е со печени кори, различен од сите други. Инаку за брендирањето како ш

то рековме веднаш по завршувањето, веќе преминуваме на собирање документација и да си го заштитиме оваа наша манифестација. Јас се надевам дека до крајот на оваа година и ќе го брендираме.“, вели Илиевски

Градоначалникот на општината Пробиштип Тони Тоневски од лицеместо на настанот, кажа дека оваа година како домаќини имаат најголем број посетители и натпреварувачи. Дециден е дека од година во година бројот ќе расте.

,,Прекрасен настан, оваа година има најмногу учесници и во натпреварувачкиот дел, но според нашата проценка и на посетеноста, кои што се дојдени од сите градови на државата. Има посетители и од странство. Се надевам дека сите присутни ќе се чувствуваат убаво, ќе ги вкусат специјалитети кои ги нуди манифестацијата.“, вели Тоневски

Инаку, оваа година манифестацијата требало да биде одржана по 15 пат, но поради ковид пандемијата, но и трагедијата во дискотетката Пулс минатата година, истата неколку пати не се одржа.

Иван Митев, М-Нет